Алтернатива Настани

Сексуалните работници одбележуваат 15 години Марш на црвените чадори

Сподели:

 

По повод одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, сексуалните работници, здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со партнерите и поддржувачи ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, ТрансФормА и Коалиција МАРГИНИ, во рамки на овогодинешната кампања „15 години колективен глас против насилството врз нас“, ќе го одржат петнаесетиот Марш на црвените чадори во Скопје.
 
Овогодинешната кампања ја посветуваат на 15 годишниот јубилеј, преку ретроспектива на изминатите маршеви на црвени чадори, на сите успеси, постигнувања, јавни пораки и барања, но и предизвици и проблеми со кои се се соочувале низ годините во борбата против насилството и дискриминацијата.
 
МАРШ НА ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ
САБОТА, 17-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12:00 ЧАСОТ
МЕСТО: НА ПЛАТОТО ПРЕД СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА
 
 
Спроведувањето на кампањата е финансирано од Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Сподели: