Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Бектеши: Ограничена продажбата на масло за јадење кај трговците во пакети

Сподели:

 

Поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи, во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар, Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци да ја ограничат продажбата на масло за јадење, изјави министерот Бектеши.

“Од 13 април на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување.
 
Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети.
 
 
 
За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година.
 
Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат”, информира министерот за економија.
Сподели: