А.Д „Пошта на Северна Македонија“ со електронска продавница www.postashop.mk

Сподели

 

#ПоштаМК за прв пат почнува со сопствена електронска продавница. Од денес е активна www.postashop.mk – првата електронска продавница на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“.

 

 

 

„Пошта шоп“ е шанса за сите, особено за малите компании да имаат e-платформа, а за сите филателисти платформата нуди и можност за купување на поштенски марки. Доставата се врши како експресна пратка преку ЕМС службата, а рокот за достава е 24 часа во Скопје и 48 часа низ целата држава, не сметајќи го денот на прием на нарачката.

 

Пошта во текот на минатиот месец ја обнови и можноста за вршење на услуги од платниот промет во над 300 поштенски единици низ целата земја со што ја збогати својата палета на услуги за потрошувачите, придонесувајќи за намалување на гужвите пред банките за наплата на сметки, како и правејќи ја оваа услуга достапна и во места каде граѓаните и компаниите немаат алтернативен начин за вршење на вакви услуги. 

Согласно мерките на Владата, од 6 април до 20 април, сите поштенски единици же работат до 18. часот.