Адеми е нов министер за култура – Алаѓозовски избран за национален координатор за развој на културата

Сподели

Роберт Алаѓозовски денеска му го отстапи министерското место во Култура на новоизбраниот министер, Асаф Адеми.

Асаф Адеми и официјално седна во министерската фотелја за култура.

Алаѓозовски ќе биде национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, велат од Владата и додаваат дека е тоа функција предвидена со закон. Алаѓозовски наскоро за оваа функција ќе биде именуван од Владата.