На над 26.000 граѓани ќе им бидат вратени 2,3 милиони евра за незаконски наплатени трошоци за брзи кредити

Сподели:

Државниот пазарен инспекторат во изминатите три месеци спроведе контроли кај сите 27 финансиски друштва кои нудат потрошувачки кредити.

Кај 18 друштва се утврдени нечесни трговски практики и неправилности во договорите, за што се изречени прекршочни налози во износ од над 3.500.000 денари.

Кај 12 финансиски друштва е утврдена незаконска наплата за известувања и опомени при доцнење со кредитните обврски, поради што е наредено враќање на незаконски наплатените средства.

Над 140.000.000 денари треба да им бидат вратени на повеќе од 26.000 граѓани, во законски рокови од 30 до 90 дена. Дополнително, кај две друштва се утврдени неправилности во сметководствената евиденција, за што е известено Министерството за финансии, изјави Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

Државниот пазарен инспекторат продолжува со засилените контроли, со цел заштита на потрошувачите, нивните права и економски интереси и обезбедување фер и транспарентни пазарни услови.

Сподели: