Од десет наши граѓани речиси тројца должат со лихварски камати.
Преку засилен инспекциски надзор во сите 27 друштва за брзи кредити во рок од само четири месеци утврдено е дека незаконски наплатиле повеќе од 140 милиони денари на 26 илјади наши сограѓани.
Во рок од најмалку 30 или најдоцна 90 дена, 2,3 милиони евра ќе се вратат назад кај народот.
Ова е уште една победа врз оние кои се богатат од финансиските маки на народот. Откако објавивме војна на коцкарниците со носење нов радикален Закон за игри на среќа, со кој во прва фаза бројот на коцкарници ќе се намали за 50% почнавме да се справуваме и со брзите кредити.
Остануваме посветени во политичката борба за справување со девијантните појави во нашето општество.
ВЛЕН како дел од коалиционата Влада ќе продолжи и понатаму да спроведува политики насочени кон подобар животен стандард на граѓаните.


