Агенцијата за храна и ветеринарство доби позитивна и највисока оцена од ЕK

Сподели

 

Агенцијата за храна и ветеринарство за остварениот напредок и во текот на 2020 година доби позитивна и највисока оцена од страна на Европската Комисија.

 

 

Напредокот е забележан во бројни области во надлежност на Агенцијата. Како што е истакнато и во самиот Извештај на Европската комисија за 2020 година, објавен на 6ти октомври 2020, земјата има добро ниво на подготвеност во сите области поврзани со безбедноста на храната и ветеринарната политика, а посебно се издвојува подобрувањето на контролата на болестите кај животните односно одржувањето висок степен на здравствената заштита на животните, согласно високите ЕУ стандарди и барања, што преставува и една од стратешките цели на Агенцијата. 

Високите оцени од страна на Европската комисија не се прво искуство за Агенцијата. Веќе во неколку извештаи по ред, во текот на изминатите години, Европската комисија забележува добра подготвеност на Агенцијата за храна и ветеринарство за отпочнување на преговори за Поглавјето 12, за областите во надлежност на Агенцијата, безбедноста на храната и ветеринарната политика. Вреди да се спомне дека станува збор за едно од најсложените и најобемни Поглавја за преговори на земјата за членство во Европската унија.

Во наредниот период Агенцијата се фокусира на завршување на започнатите активности за понатамошно усогласување на законодавството со новото законодавство на ЕУ, во односно на официјалните контроли  и здравствена заштита  на животните,  како и зајакнување на капацитетите за анализа на податоците во областа на безбедноста на храната.

Агенцијата е подготвена да ги отпочне преговорите во Поглавјето 12. Остануваме   доследни,  како и досега,  во приоритетот да ги исполниме сите барања за членство во Европската унија, и почитување на стандардите во областите од ветеринарството и безбедноста на храната.