Филипче: Денеска се регистрирани 364 новозаразени лица

Сподели

 

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се воведуваат нови рестриктивни мерки низ целиот свет.

Есенскиот бран го зафаќа и регионот со голем број на новозаразени лица. 

Во државава највисок број на новозаболени има во Скопје од сите возрасни групи. 

Вчера е забележан најголем број од 317, а денеска од 364 новозаразени.

Есенскиот бран е тука и дека мора да се заштитиме, да не дојде до ескалација.

Донесовме одлука за нови мерки:

  • се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 луѓе после 22 часот. Забрана за собирање во паркови, бензински пумпи итн.забрана на семејни поголеми прослави во домашни услови, максимум до 4 лица
  •  задолжително носење на маски секаде на отворено и на затворено место, во возило со лица од едно семејство, освен при спортување
  • исклучок имаат деца само за деца до 6 годишна возраст

За сега нема воведување на полициски час.

Состојбата со вирусот е сериозна. Европа и светот воведуваат нови и сериозни мерки. Однесувањето и почитувањето на граѓаните е во интерес на јавното здравје.

Време е сите максимално сите да ги следат основните правила за заштитни мерки. Прашање е на волјата за здравјето на граѓаните.

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/3514514615280774/