Стојанов за Плусинфо: Никој не спомнал полициски час!

Сподели

 

“Јас не сум присуствувал на состанок на кој било побарано воведување полициски час во земјава”, вели за Плусинфо, Александар Стојанов од Комисијата за заразни болести, откако некои медиуми објавија дека Комисијата наводно предложила до Владата воведување полициски час од 22 часот.

–” За утре е најавено да се состанеме и да одлучуваме за евентуални нови вонредни мерки, но досега за такво нешто воопошто не сме зборувале. Ако некој зборувал за воведување полициски час надвор од Комисијата, тоа е веќе друга работа. Но, ние во Комисијата за заразни болести воопшто не сме спомнале такво нешто” – изјави Стојанов.