Вести Изјави Македонија Ударни вести

Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор

Сподели:

 

Премиерот Димитар Ковачевски најави денеска дека Агенцијата за национална безбедност, за 20 дена ќе добие нов директор, кој ќе дојде на местото на досегашниот Виктор Димовски.

Премиерот не сподели повеќе детали од вчерашната затворена владина седница на која АНБ реферираше за случајот со Онишченко, со образложение дека тоа е спротивно на законот, ниту дали ќе има одговорност за Димовски.

„Она што е познато од седницата е дека е иницирана постапка за поништување на државјанството. Сѐ она што ќе треба да биде споделено во делот на истрагата во АНБ и тоа што ќе следи согласно со процедурите и законите што се однесуваат на АНБ. Во однос на раководењето со АНБ за 20 дена ќе има нов директор на АНБ“, посочи премиерот Ковачевски.

 

Сподели: