Вести Македонија Топ теми Ударни вести

АХВ: Од пазарот се повлекува јогуртот „Баланс+“

Сподели:

 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од пазарот се повлекува јогурт „Баланс+“ во пакување од 1 литар.

Причините за повлекувањето, се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Дополнително, количества што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.

Се повлекуваат пакувањата со рок на употреба до 28 ноември.

Потрошувачите кои го имаат купено јогуртот со сериски број 28.11.22 да не го консумираат и да го вратат на местото од каде го купиле, порачуваат од АХВ.

Сподели: