Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, на својот ФБ профил ги коментираше документите добиени од Министерството за правда објавени од „Слободен печат”, за склучувањето на договорот во вредност од 4,8 милиони евра за прославата по повод 35 години од независноста на Македонија меѓу Државна лотарија и фирмата „Стардаст“. Таа вели:
“И сега?….Кој е идиот????
Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, на прес-конференцијата на која даваше отчет за потрошените народни пари, рече дека на 8 мај, во 10 часот и 41 минута во нивните простории стигнала единствената понуда од „Стардаст“ на околу 100 страници.
Од договорот произлегува дека до крајот на денот, ем била прегледана програмата на 100 страници од страна на тричлената комисија, чиј претседател Николче Мицевски подоцна се појави како учесник во програмата како автор на оркестрациите на Хосе Карерас, ем бил составен договорот меѓу Државна лотарија и „Стардаст“ на износ од 300 милиони денари, ем бил потпишан од страна на директорот Александар Климовски и управителката на „Стардаст“ Миа Милошевска.
А Министетството за правда на 16 Септември издало Решение…откога СЕ е завршено.
ЗНАЧИ СЕ Е ОДНАПРЕД СМИСЛЕНО!” – напиша Билјана Ивановска.


