„Алиса се враќа дома“ премиерно во Драмскиот театар

Сподели:

Во четврток на 8 октомври, на сцената на Драмскиот театар во Скопје премиерно ќе биде изведена претставата „Алиса се враќа дома“, дипломска претстава на режисерката Моника Ставревска, студентка по театарска режија на ФДУ – Скопје.

Инспирирана од „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Карол, претставата е современа антибајка за моќта, послушноста, индивидуалната одговорност и бунтот. Ставревска ја режира претставата во рамките на Годишната програма на Драмскиот театар за 2026 година.

По повод премиерата, денеска ќе се одржи и прес-конференција со режисерката, авторката, драматургот и со членовите на актерската и на креативната екипа.

Сподели: