“Алкалоид” подари пакети со средства за дезинфекција, витамини и продукти за ЗОО Скопје

Сподели

 

 

Како општествено одговорна компанија, денеска, “Алкалоид” на вработените во Скопје ЗОО им подари пакети со средства за дезинфекција, витамини и продукти од нивната производна линија.

Благодарност до “Алкалоид” за донацијата и грижата за нашите вработени.

Ви благодариме што помисливте на нас, како една од институциите која во целиот период на пандемија работеше секојдневно.

Ние се грижиме за животните, а Алкалоид за нашето здравје, затоа што здравјето е пред сѐ!