ЗОО Скопје: Џуџестите мармозети добија близначиња

Сподели:

Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: Еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња, информираа денеска до Зоолошката градина Скопје.

Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама. Токму затоа и двете бебиња се уште се тешко видливи со голо око. Тие постојано се не на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група.

Сподели: