„Аматери“ на Синиша Евтимов во Театар Комедија

Сподели:

„Аматери“, во режија, авторство и музика на Синиша Евтимов, е новата театарска претстава на Театар Комедија, премиерно беше изведена вчера на 15 октомври.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, ​Валентин Костадиновски, ​Сергеј Димоски, ​Тони Денковски, ​Виктор Арсов, ​Јаков Спасов, ​Столе Мицов, ​Илија Илиоски, Жарко Димоски, ​Жаклина Петровска, ​Маја Љутков и ​Елена Кузманов. Сценографијата, костимите и дизајнот на видеото се на Илина Ангеловска, а асистент на режиja е Борjан Стоjков.

Оваа претстава ја одбележува педесеттата премиера по ред од основањето на Театар Комедија и претставува значаен јубилеј во неговата историја.

Првата реприза е закажана за денеска, 16 октомври.

Сподели: