Во Амстердам, во ИНГ банката експлозија на писмо-бомба

Сподели

 

Писмо бомба денеска експлодира во канцеларија на ИНГ банката во Амстердам, но никој не е повреден, соопшти портпаролката на банката, пренесе МИА. 

Полицијата соопшти дека на лице место дошло амбулантно возило затоа што едно лице вдишало чад.

Оваа недела, повеќе писма бомби беа испратени на различни адреси во земјата. Вчера експлодираа две писма бомби во пошти во Амстердам и Керкрад, а полицијата соопшти дека мотивот е изнуда.