Вести Здравје Магазин Македонија

АНА: Проф. Угриновски го спаси животот на Давид, но и нашите

Сподели:

 

Ова е само една од многуте приказни со среќен крај, кои во своето богато работно искуство ги испишал проф. д-р Јовица Угриновски. Многу спасени животи, солзи радосници и среќни семејства ќе сведочат за големината, човечноста, професионалноста и стручноста на професорот Угриновски …
 
5-годишниот Давид Домазетовски од Битола, на 22 декември 2014 година, со соочил со најголемата животна битка. Бил ургентно хоспитализиран во „Аџибадем Систина“, по дијагноза на тумор на мозокот со големина на јајце. И покрај високиот ризик од интервенцијата, проф. д-р Угриновски во тие мигови се решил за итна операција и успешно го отстранил туморот.
 
За операцијата на Давид тој изјави дека ако следиме медицински правила, Давид не требаше да се оперира. Тоа е како да оперираш мртов човек. Но, неговиот инстинкт, долгогодишното искуство и брзината му дале за право, и покрај тоа што шансите за преживување биле еднакви на нула, да влезе во операциона сала и да го оперира.
 
„Фактот дека ситуацијата се влоши во 2 часот наутро, а ние влеговме во сала во 3 часот наутро, само еден час по случката, ми будеше надеж дека ќе го излечам. Операцијата траеше околу 4 часа, се извади целиот тумор и почна голготата што траеше со месеци. Да се ослободи од машината, да почне сам да дише, да добие движење на рацете и нозете. Вклучени беа сите екипи, првенствено анестезиолозите, физикална терапија“, објаснуваше проф. Угриновски.
 
АНА: ПРОФ. УГРИНОВСКИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА ДАВИД, НО И НАШИТЕ
Родителите на малиот Давид, Ана и Михајло, објаснуваат дека за нив секој ден бил нова надеж, верувале дека Давид ќе ги отвори очите, а поддршката од проф. Угриновски била клучна за оздравувањето на Давид.
 
„Давид 45 дена беше на апарати, секој ден го чекавме да се разбуди. Бевме големи оптимисти и верувавме, имавме голема надеж и верба. Постојано му зборувавме, му пеевме, му пуштавме музика. Целиот персонал беше насмеан и наклонет кон него. Имаше атмосфера како ништо да не се случува. Имавме дозвола од професорот постојано да бидеме покрај него, постојано да му зборуваме и да го храбриме. Едноставно да нè чувствува. Професорот Угриновски доаѓаше секој ден по неколкупати за да го види и чекаше дали тој ќе се закашла. Еден ден додека разговаравме со него, Давид се закашла. Професорот кога го чу тоа, само силно извика „браво“ и беше многу среќен. Тоа беше моментот што го чекавме. Давид надмина сè. Тој почна да ги отвора очите на 45. ден“, со солзи во очите, се потсетува Ана Домазетовска на тешките моменти од интензивното лекување на Давид.
 
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНО ЗРАЧЕЊЕ НА „ТRILOGY“
„Никогаш нема да можам да се оддолжам на менаџментот, на проф. д-р Јовица Угриновски и на медицинскиот персонал во ‘Аџибадем Систина’ за сето она што го направија за нас. Давид беше нивни вистински миленик. Не дозволија ништо да му недостига. Целиот наш 4-месечен престој во болницата беше бесплатен, а беа покриени и трошоците за зрачниот третман. Д-р Угриновски го спаси животот на нашиот син“ – објаснува Ана Домазетовска, мајката на Давид.
Сподели: