Алтернатива Настани

Анагор галерија: Изложба на Зоран Кардула – серија на дела со супер херои

Сподели:

 

Анагор галерија, Изложба на Зоран Кардула – серија на дела со супер херои, 15. ноември

По повод обележувањето на 45 години постоење на галерија АНАГОР, ќе се отвори новиот галериски и изложбен простор во центарот на Скопје, со изложбата на реномираниот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула, кој премиерно изложува серија на дела со супер херои, каде комбинира ретро со модерно во комбинација на советски пропагандни постери и херои од стрипови.

Истовремено со изложбата во Анагор, Кардула изложува и во Рим, Италија, дела редизајни на југословенски постери и споменици од НОБ. Отворањето на изложбата во Рим е на 8ми Ноември.

***

Зоран Кардула е македонски графички дизајнер и ликовен уметник. Досега учествува на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“. Победник е на постер-натпреварот на Латино- филмскиот фестивал. Во ноември 2017 година има изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во САД. Во јануари 2018 година во Рим ја претставува „Изложба без жири“, поставка на 40 негови дела кои биле редизајн на симболите кои ја одбележаа социјалистичката ера на Југославија.

Идејата за редизајн на Југословенските симболи, логоа и дизајни, доаѓа од добрите дизајнери кои постојат од времето во кое расте. Желбата е во овие чудни времиња со кои се справува Балканот, да ги потсети луѓето на некои мали нешта за кои ги врзуваат убави спомени.

Во 2017 година издава и книга, „Гуш и Бац”, која е создадена од зборовите на неговата аутистична ќерка Ерато. Книгата содржи измислени 47 зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци.

 

Сподели: