ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето во земјава ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а дневната температура ќе се движи од 14 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а дневната температура до 21 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи.