Вести Македонија

Одложен распитот на командирот на „Алфи“

Сподели:

Krivicen-sud-860x680

Распитот на шесттемина осомничени во случајот „Тортура“, меѓу кои е и командирот на полициската единица „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, кој беше закажан за денеска, е одложен бидејќи осомничените барале дополнително време за увид во доказите од предметот, соопшти Кривичниот суд.

Судијата на претходна постапка, по согласнот на обвинителот на СЈО и на адвокатите на осомничните, кои биле присутни на сослушувањето, распитот го презакажал за 17 јули.

„Распитот на шесттемина осомничени во случајот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), познат како „Тортура“, кој требаше да се одржи денеска, по барање на осомничените се одложува бидејќи тие побараа дополнително време за увид во предметот, кој не им бил овозможен во обвинителството, а кој увид судија на претходна постапка согласно Законот за кривична постапка (ЗКП) го дозволува. Распитот по однос на предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост – забрана за преземање определни работни активности поврзана со кривичното дело, за шесттемина осомничени, со решение на судија на претходна постапка, а по согласност на странките во постапката кои беа присутни на денешното сослушување, се презакажува за 14 јули 2016 година“, стои во соопштението на судот.

Случајот „Тортура“ СЈО го отвори на 28 март оваа година, поради нечовечко апсење и употреба на прекумерна сила врз поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Единствено за него СЈО не бара притвор или други мерки за претпазливост со образложение дека не постои опасност од бегство, а за другите шестмина осомничени кои се вработени во Министерството за внатрешни работи поднесен е предлог за определување забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, еден ден по изборите, под сомневање за нелегално финансирање на предизборната кампања на неговата партија. За делото тој беше осуден на петгодишна затворска казна, која ја отслужи во целост и на почетокот на јуни оваа години беше пуштен на слобода од затворот „Идризово“.

meta.mk

Сподели: