Арсовска: Како не им е срам да излегуваат со овие небулози кои ги вадат за мене?

Сподели

 

Разочарана сум и не знам како не им е срам да излегуваат со овие небулози кои ги вадат за мене? Велеа дека сум била донатор на политички партии, каде се доказите, каде се доказите дека сум муслиманка, дека некој нешто крадел и злоупотребил, тоа е небулоза. Срамотно е ова да го направат на два дена од кампањата, а зборуваме за исти луѓе со кои јас сум имала можност пет години да седам на иста маса да бараат мои совети за економски мерки и каде ниту еднаш, ниту лично, ниту професионално немале никаква замерка ниту на мојата работа, ниту на мене како личност.

Изјави, Данела Арсовска