Софиски ТРУД за случајот Данела: „Бугарка вербално линчувана во Скопје“

Сподели

 

Во Бугарскиот весник Труд, денес се појави наслов „Бугарка вербално линчувана во Скопје“ кој се однесува на прес-конференцијата на СДСМ, дека кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска има бугарско државјанство.

 

 

Авторот Цветан Томчев прашува: Лошо ли е да си Бугарин во Северна Македонија?

“Дали е ова Указ за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари”, пишува авторот Томчев во весникот Труд.

Претседателот на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, за Труд изјави дека во Македонија различни граѓани имаат владини функции, вклучително и Срби, но во Северна Македонија никогаш не било доведено во прашање дека Србите ги бранат „странските интереси“. Ова никако не може ни да им помине низ умот. Идеологијата од времето на комунистичка Југославија, дека Србите се наши браќа, а Бугарите наши непријатели, останува до денес, коментира Стојанов.

Текстот во целот на следниот линк