Алтернатива Настани

Астрономски час за деца – Прошетка низ Сончевиот систем

Сподели:

 

Платформата за едукација на деца и млади „Училница“, организира бесплатна, еднодневна работилница по астрономија за деца.

 

 

Работилницата ќе се одржи на 29 мај, сабота, со почеток во 12 часот, пред просториите на „Училница“ на платото позади Соборниот храм. „На часот ќе ги намалиме небеските тела за 10 милијарди пати и ќе се прошетаме низ Сончевиот систем. Целта на оваа вежба е преку игра децата полесно да ги разберат планетите, нивната големина и раздалеченост. На работилницата ќе гледаме низ вистински телескоп и ќе го набљудуваме Сонцето. По часот секој дома ќе си оди со малечка макета од омилената планета.“ велат од Училница.

Астрономијата е една од најстарите науки. Без разлика на возраста, таа нè вчудовидува и инспирира сите нас. Желбата да се истражи непознатото е особено изразен кај децата кои од најрана возраст покажуваат неверојатен интерес за оваа сфера.
 
Работилницата ќе ја води Радан Митровиќ, основач на Скопско астрономско друштво (САД) и предавач во планетариум при МКЦ.
 
За да се пријавите на еднодневната работилница, потребно е да ја пополните онлајн апликацијата за учество – https://m257645.typeform.com/to/JRytuvPc
 
Настанот е од отворен карактер, но обезбедете си го вашето место со брзо пријавување. Бројот на деца е ограничен.
 
Училница е платформа за едукација на деца и млади. Тука искуствено ги развиваме вештините за реализација на детските афинитети.
Погледнете ја целосната програма на Училницата за астрономија – https://ucilnica.com/ucilnici/astronomija/
 
Настанот ќе се одвива на отворено и строго ќе се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19. Ве молиме носете маски и одржувајте физичко растојание. Задолжителна дезинфекција. 
Сподели: