Атинскиот градоначалник Каминис во прва посета на Скопје

Сподели

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Скопје, во текот на која со градоначалникот Петре Шилегов ќе потпише спогодба за соработка меѓу двата града.

Тоа ќе биде втора средба на градоначалниците на Атина и Скопје. Тие прв пат се состанаа во Атина во почетокот на февруари годинава.

– “Имајќи предвид дека нашите граѓани се соочуваат со исти предизвици во секојдневното живеење, размената на искуства и продлабочувањето на соработката ќе придонесат, заеднички да учествуваме во изнаоѓање решенија за современите потреби на нашите сограѓани” – изјави тогаш Шилегов на заедничката прес-конференција.