Терористички напад во Виена близу главната синагога во градот

Сподели

 

Најмалку 15 лица се повредени, од кои седум сериозно, откако повеќе напади ја потресоа Виена во областа близу главната синагога во градот. Полицијата во Виена е во потрага по пронаоѓање осомничени вооружени лица кои извршиле напади на шест различни локации низ градот навечер. Локалните медиуми објавија дека најмалку две лица се убиени. Според полицијата, еден осомничен бил застрелан и убиен од полицајците.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека полицијата пронашла јасни докази оти напаѓачот кој беше застрелан непосредно по почетокот на нападот „е радикализирана личност и симпатизер на Исламска држава“.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќешното пукање во Виена го нарече „грозоморен терористички напад“.

Нападот го осудија Европската унија, германското Министерство за надворешни работи, претседателот на Франција Емануел Макрон и италијанскиот премиер Џузепе Конте.

фото МИА