Магазин Наука и Технологија

АЦ ОРИОН: Розета сними силна кометна активност

Сподели:
Вселенското летало на Европската вселенска агенција, Розета сними неочекувана, интензивна ерупција на активност на кометата 67П. Се претпоставува дека ненадејната зголемена активност се должи на промени во внатрешната структура проследена со драстични површински промени како рушење на дел од кревките и порозни карпи. Во моментот кога се пројавила неочекуваната активност на 19 февруари Розета ја набљудувала кометата со девет од нејзините инструменти, вклучувајќи ги камерите, инструменти за анализа на прав, анализа на гас и плазма додека била оддалечена само 35 км.

комета ерупција

Моментот на ерупција снимен со камерите на Розета (с) ЕЅА
Според научниците кои работа на оваа мисија велат дека просечната активност во одреден период може да се предвиди, но вакви ерупции се сосема непредвидливи и се работи за чиста случајност што се забележани во моментот на појавување. Ваквата среќна околност со мнозината инструменти насочени кон кометата претставува богатство со податоци и можност за комплетна анализа на повеќе особини за овој настан.

комета параметри

Параметрите кои се забележани од сите девет активни инструменти во тој период на Розета. Кликнете за поголема резолуција (с) ЕЅА
Целиот настан траел околу два часа и со помош на обработените податоци заклучено е дека параметрите на некои од инструментите се зголемиле до стотина пати. Температурата на гасот околу јадрото се зголемила за 30° С. Мерачот на прав забележал повеќе од 200 честици наредните 3 часа, а типично за тој период било помеѓу 3 и 10 забележани честици.

комета активност

Местото на силна ерупција (с) ЕЅА

Picture

Кометата снимена на оддалеченост од 160 км (с) ЕЅА
Автор: Мартин Стојковски
Сподели: