НЕМА НИШТО ПОБОЉЕ ДА ЗАМИНЕШ НЕКАДЕ ОНАКА НЕПЛАНИРАНО – ВЕНЦИ ТРАЈКОВ

Сподели

venci

НЕМА НИШТО ПОБОЉЕ ДА ЗАМИНЕШ НЕКАДЕ ОНАКА НЕПЛАНИРАНО

Нема ништо побоље од тоа да заминеш некаде на виќенд,
oнака непланирано,
стануваш сабајле,
пиеш кафе,
Одиш на работа,
се враќаш во 4
ставаш најбитни ствари у ранец,
полнач за мобилен,
лист, пенкало,
некоја глупа книга шо ја влечеш со себе,
се уше не си ни ја отворил,
знаеш дека никад и нема да ја отвориш.
Кажуваш на твоите дома
-Идам јас стара, на некој ден, некаде…
Кај ќе идеш бе!?
Абе седни одмори брее 5 минути, само шо дојде од работа!
Абе ќе не умреш, шо не кажеш порано да ти спремам
пижами, гаќи, чорапи, покривач…
Да ти пуштам нешо за јадење?
Кај ќе спиеш?
Да се покриеш навечер!
Абе земи си нешто,
шо е ова, си ставил у ранец само книга и пунач!
Абе не си ти дете!!!

Ставаш слушалки на уво,
и онака понекад за себе помислуваш дека ајншатјн
не би можел да те дешифрира, не па твоите дома.
Нема ништо побоље од тоа да заминеш некаде на виќенд,
онака непланирано,
после работа,
после стрес,
после секакви луѓе,
после секакви муабети на работа
околу политика,
околу колку се скапи сеа доматите,
околу лелее ај бе вечер да се собереме ми се пие ми се плаче,
околу ај у курац пак паднав на една,
околу лелее го убија оној на онаа бифшата шо му беше пред 30 епизоди,
околу секнав со пари у пичку матер уште пред десет дена, а кај е новаата плата
околу лелеее ми ѓи имаш видено сликите на фејзбук, многу убаво си поминав летоска у грчка,
околу лелеее колку е јака оваа брат, баш би сакал да ја плеснам,
околу лелее оваа го вара дечкото, а овој глуп по цел ден на аутомати се коцка,
околу вести,
околу банки
околу сметки,
околу лелее ќе се префрлам на мобимак овие вип немаат мрежа за жива глава,
околу оваа мојата кола троши ко комбајн,
околу крстови орели морели
Околу бла бла бла…

И тогаш нема ништо боље од тоа да заминеш некаде на виќенд,
онака непланирано, некаде…
онака без да им кажеш на пријатели,
роднини,
љубопитни комшии.
Онака, само да и се јавиш на девојката,
-Ајде срце спреми се, одиме на некое ново место бар на два дена.
Нови луѓе
Нови патишта
Нови згради
Нови мириси
Нови чувства
Нови погледи
И се осеќаш толку убаво
И се осеќаш толку слободно
Ко да се спознаваш на ново со животот…