Categories: Алтернатива, Македонија, Настани

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

Ова не е предизборна кампања, туку почеток на едукативната онлајн игра „Градоначалник“ која преку симулација на реални сценарија ја зголемува свесноста за одговорното одлучување.  „Политичката едукација не е само за политичарите, таа е пред се за граѓаните. Оваа игра се обидува да ги подучи пред се младите за одговорно одлучување и управување на локално ниво“, велат од LEAD -Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, кои ја истакнуваат потребата од едукативна алатка која ги става играчите во улога на градоначалници при што секој одговор е избор што носи последица. Играта е достапна онлајн и е наменета за млади, студенти, активисти и сите оние кои сакаат да размислуваат критички, да ги разберат последиците од носење јавни одлуки и да развијат свест за значењето на изборот.   Станува збор за онлајн симулација која го соочува играчот со конкретни прашања и ситуации од локалното управување: етички дилеми, партиски притисоци, урбанистички планови, јавни услуги, транспарентност, социјални политики и многу други. Секој избор носи позитивна или негативна последица и реална доза на влијание врз граѓаните, „градот“ и сопствениот углед на самиот градоначалник.    Наместо пасивно следење на политичките случувања, „Градоначалник“ овозможува развивање на критичката мисла и активно виртуелно искуство каде што секој може да осознае колку е тешко, но и колку е важно да се управува одговорно. „Нашата цел не е да создадеме идеални политичари, туку свесни, информирани и ангажирани млади кои ќе го разбираат светот околу себе и ќе бидат подготвени да го менуваат.“, истакнуваат LEAD.  „Суштината е едноставна: играта е интересна, но и поучна-затоа што секој од нас, како гласач и граѓанин, секојдневно прави избори кои се одразуваат на заедницата во која живееме.“  Играта е достапна на следниот линк: https://gradonachalnik.lead.org.mk/ Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „LEAP – Локално учество, активизам и вклученост“, имплементиран од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој  кој се спроведува со поддршка од Европска унија преку Фондацијата Центар за демократија како координатор на проeктот „Регионален младински дијалог за Европа“. 

Повеќе
Categories: Вести, Изјави, Македонија, Ударни вести

Герасимовски воведува двосменско работење на градинките

„За првпат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и…

Повеќе
Categories: Алтернатива, Вести, Македонија, Настани

„Танец“ ја заокружи својата балканска турнеја

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ триумфално ја заврши својата балканска турнеја, оставајќи зад себе воодушевена публика и силни…

Повеќе
Categories: Вести, Македонија, Ударни вести

Свечено отворање на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на свеченото отворање на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025, кој оваа година се одржува во Скопје во…

Повеќе
Categories: Вести, Македонија, Топ теми, Ударни вести

Kривична пријава против членка на Судски совет за „измама во службата“

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и…

Повеќе
Categories: Алтернатива, Македонија, Настани

Отворена 25-тата саемска манифестација “Денови на мед”

Денеска во Занаетчиски дом свечено беше отворена 25-тата саемска манифестација “Денови на мед”, во организација на Пчеларското здружение “Пчела”– Куманово,…

Повеќе
Categories: Алтернатива, Македонија, Настани

Меѓународна групна изложба во Националната галерија

Националната галерија на РС Македонија ја претставува меѓународната групна изложба со жени уметници од Македонија, Грција, Србија и од Кипар, под наслов „Скриеното…

Повеќе