Balkan News Truck пристигна во Скопје

Сподели:

Balkan News Truck или Балканскиот медиумски камион, пристигна во Скопје и ќе им понуди на Скопјани интерактивна програма на 13 ноември 2025 година, на паркингот пред Општина Центар, од 11 до 15 часот, и на 14 ноември 2025 година, во NOVA International School Skopje, од 9 до 15 часот.

Balkan News Truck е патувачка платформа што ги истражува вестите, сликите и критичкото размислување. На секоја станица, камионот ќе биде поставен на централни јавни простори, нудејќи проекции, квизови и разговори за тоа како настануваат информациите, како се споделуваат и како ги доживуваме.

Ова е можност за граѓаните да се соберат, да разменат мислења и да ги согледаат вестите од поинаква перспектива — со цел да се поттикне критичко размислување, медиумска писменост и отворен дијалог за улогата и влијанието на информациите во секојдневниот живот.

Програмата во Скопје ќе ги вклучува следниве активности:

Активност Програма
Квиз Препознавање на дезинформации како супермоќ  Квиз осмислен за да ја провери подготвеноста на учесниците да препознаваат дезинформации.
Дискусија за дезинформации Провери ги фактите Воведување на учесниците во клучни поими од областа на медиумите и како да препознаат дезинформации и да ги проверат изворите на информации.
Игра што покажува како се создаваат дезинформациите „Гласај за желката“ 5-минутна онлајн игра за дезинформации. И една желка.
Работилница за медиумски навики Social Media Blender   Блендеротпретставува лична мапа на изворите на информации на секој учесник — покажувајќи од каде доаѓаат нивните вести, идеи и онлајн содржини.

Фацилитатори и говорници: Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист, Фондација Метаморфозис, Марио Спасевски, новинар, Мета.мк, Владимир Петрески, главен и одговорен уредник на Вистиномер.мк и Матеј Тројачанец, проверувач на факти, истражувач и новинар, Вистиномер.мк.

Македонската турнеја на Balkan News Truck и неговите активности се дел од предпрограмата на Деновите на медиумска писменост што ќе се одржи од 17 до 24 ноември 2025 година.

ЗА ПРОЕКТОТ BALKAN NEWS TRUCK | Од септември до ноември 2025 година, низ шест земји од Западен Балкан — Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Србија — Балканскиот медиумски камион ќе посети 20 градови, нудејќи им на граѓаните, особено на младите, интерактивни квизови, дискусии, работилници и видео-проекции. Неговата цел е да ја истражи улогата на информациите во современото општество и да ја зајакне отпорноста на граѓаните кон дезинформации и манипулации. Во Северна Македонија, турнејата се реализира во периодот меѓу 2 и 15 ноември, со посети во Битола, Гостивар, Штип и Скопје. Целата програма на Balkan News Truck со говорници, распоред и локации е достапна на: https://balkan-voices.com/BALKAN-NEWS-TRUCK/ .

Балканскиот медиумски камион е иницијатива што ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons.

Сподели: