Алтернатива Настани

„Бесмртност“-Филхармонија ќе свири класика овековечена на големото филмско платно

Сподели:

 

Oркестарот на Филхармонијата на 7 декември, од 20 часот ќе одржи концерт кој претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно.

Концертот има наслов „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек-дела на браќата Коен, Скорсезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола…

Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски.

Сподели: