Биди срцевина, биди херој! – Светски ден на дарители на коскена срцевина

Сподели

 

Денеска им благодариме на сите дарители на коскена срцевина. 18 септември е нивни ден, инициран од Светската асоцијација на дарители на срцевина, најголемата организација посветена на грижата за дарителите.
 
Македонскиот регистер на доброволни дарители при Институтот за имунологија е признат член во оваа меѓународна организација. На УК за хематологија во во период од 3 години се реализирани 190 трансплантации, од кои 7 хаплоидентични трансплантации и 22 трансплантации од несроден донор, што претставува најсложена интервенција, за која во минатото пациентите беа праќани на третман во странски центри, се наведува во соопштението на МЗ
 
Дарител во националниот регистар на дарители на коскена срцевина може да биде секој здрав човек на возраст од 18 до 50 години, само со доброволно дарување на 5 ml периферна крв.
 
Стани и ти дел од големото семејство на доброволни дарители и спаси живот! Биди срцевина, биди херој!