Биенална изложба „Скулптури на новото време 2023“ во Куманово

Сподели

 

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово  утревечер (15 септември), со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена биеналната изложба „Скулптури на новото време 2023“.

Поставката содржи 17 скулптури од поновата продукција на македонски академски скулптори од повеќе генерации. На изложбата„Скулптури на новото време 2023“ се претставени дела од следните автори: Предраг Јаневски-Драшко, Харалампие Манчев-Хари, Ангел Коруновски, Соња Поповска-Трајковска, Андреј Митевски, Александар Јанев, Илчо Стојановски-Илко, Емилија и Стојче Тоциновски, Горан Ѓорев, Перо Кованцалиев, Маја Танева, Филип Перески, Синиша Новески, Маја Ралева-Миладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков и Емил Солески.

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура, а ќе биде поставена до 26 септември.