Алтернатива Настани

БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД 2016 – фестивал

Сподели:

MDbitolaotvorengrad2016festivali

МКЦ, Битола   22 Јуни, 12:00ч

Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола), по јубилеен 15-ти пат оваа година, го организира Меѓународниот младински арт фестивал “Битола отворен град 2016“.

Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина во југоисточна Европа, отворен за меѓународна соработка и креативна енергија.

За време на социјална и политичка криза, традиционалните културни стереотипи се закануваат да ја задушат слободната урбана култура. Земајќи го во предвид овој негативен контекст, од една страна, и желбата за иновација и промоција на различни уметнички трендови, од друга страна, МКЦ – Битола го организира овој фестивал оваа година на тема „Граѓански активизам“.

Во оваа насока оваа година го отвараме градот и го поставуваме во форма на простор од каде преку креативни уметнички форми, јавни дискусии, концерти, работилници и улични перформанси ќе испратиме порака дека ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРЕД СÈ!

Фестивалот трае четири дена и оваа година терминот за одржување е 22-25 јуни 2016 година.

Наскоро ќе ја објавиме деталната програма за содржините на фестивалот…

Сите настани на „Битола отворен град 2016“ се отворени и бесплатни!

Програмата на „Битола отворен град 2016“ е поддржана од USAID MSI.

Сподели: