Алтернатива Настани

Се одржа Интернационалниот фестивал на хумор и сатира “Ин Виница Веритас”

Сподели:

 

Ин Виница Веритас е фестивал на хумор и сатира кој традиционално се одржува секоја година во Виница, организиран од Домот на културата „Тошо Арсов“ со покровителство на општина Виница.

Изминатите две години во услови на пандемија беа навистина тешко да се реализира манифестација од ваков вид, но сепак  организаторот направи и повеќе од возможно да донесе насмевки на своите сограѓани и посетители.  

За првпат фестивалот е одржан на 26-ти септември 1993 година, а кон крајот во деведесетите згаснува. Возобновен е во 2009та година кога станува и меѓународен.

 

 

“Манифестацијата одамна фигурира на интернационалната мапа на фестивали за хумор и сатира, пред се поради учеството на врвни карикатуристи од целиот свет, а годинава имавме навистина рекорден број на заинтересираани автори, дури 295 карикатуристи од 46 земји од светот, со вкупно 759 карикатури кои се пријавија на објавениот конкурс на тема „И после се…животот е убав “ – ни изјави Благица Стојановска, директор на Домот на култура од Виница.

 

 

Жирито во состав од Дамир Новак – Хрватска, Милан Алашевич -Словенија, Неделко Убович – Србија, Благица Стојановска и Маријана Иванова од Македонија имаа тешка задача да направат селекција на многубројните карикатури и да ги изберат најдобрите три. 

 

Карикатурата со најмногу поени му припадна на Лук Вернимен од Белгија, второ наградена е карикатурата на Хуле Ханусич од Австрија, а трето место припадна на карикатурата на Валентин Дружинин од Русија. Изложбата е отворена во следните две недели за сите љубители на карикатурата – кажа Стојановска.

 

И оваа година главниот фокус на фестивалот беше карикатурата и тетарската комедија. Беа одиграни две театарски претстави – “Разведи Ме” со Роберт и Мирјана Ристов и стендап шоуто “Која сум јас” на Надица Петрова. 

 

 

Беа реализирани две изложби – изложбата од конкурсот за карикатура која е во официјалната програма на фестивалот и изложба на карикатури, на познатиот карикатурист Миро Георгиевски. 

 

 

Во рамките на овогодинешниот фестивал беше претставена и вечер на македонски афоризми.

 

 

Програмата  заврши денес со карикатуристот Миле Манчевски – Милман и афористичарот Миле Ѓорѓијоски кои одржаа едукативни часови за карикатура, хумор и сатира во основните учлишта во Виница.

Сподели: