Спорт Топ теми Ударни вести

Болт не ја заврши последната трка, а Јамајка остана без медал и пласман – Тажен крај за најбрзиот човек на светот (видео+фото)

Сподели:

На неславен и тажен начин, најбрзиот човек на планетата Усеин Болт ја заврши кариерата на 30 години.

Во финалето на штафетата 4х100 метри на СП во атлетка во Лондон, Болт се повреди и падна во последната замена.

Тој се надеваше дека со колегите од Јамајка ќе освои злато, но го спречи повредата. Само што ја прими палката, мораше да се откаже од трката и едвај го напушти стадионот.

Болт ја заврши кариерата со 14 светски медали од кои 11 се златни одличја.

Сензационални победници се домаќините, атлетичарите на Велика Британија (37,47 секудни), пред Американците (37,52 секунди), а третопласирана беше Јапонија со време од (38.04 секунди).

Погледнете што се случи…..

The post Болт не ја заврши последната трка, а Јамајка остана без медал и пласман – Тажен крај за најбрзиот човек на светот (видео+фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: