Борел: На патот кон ЕУ нема да го изгубите својот идентитет

Сподели

 

“Денеска е ден кога се постигнува клучен пробив за Северна Македонија и за Западниот Балкан, но и за ЕУ во целина”, изјави во Брисел вискиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел на првата Меѓувладина конференција со која е отворен процесот на пристапни преговори на земјава со Унијата.

 

 

 

„На патот кон ЕУ нема да го изгубите својот идентитет. Никој не го изгубил. Вам не ви треба заклучоци за да го знаете тоа. Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде зголемен и надополнет со другите идентитети што не се алтернативни туку се надополнуваат. Секое човечко битите има неколку идентитети кои секогаш се копатибилни и затоа сме тука денес. Ни требате. Ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот сложен идентитет, потребни сме си едни на други затоа што зедно сме посилни“, изјави во своето воведно обраќање на меѓувладината конференција во Бирсел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.