Алтернатива Настани

Нова поетска книга на Димче Шипинкаровски “Татков аманет”

Сподели:

 

Во издание на Здружението за литература, култура и наука “Бран” од Струга, излезе од печат најновата книга на поетскиот ерудит Димче Шипинкароски, “Татков аманет”.

Димче Шипинкаровски е добитник на награда, за 2022 година, на престижната поетска манифестација “Антево Слово”, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.

Уредник на изданието е Борче Панов, додека профсор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, во посебна рецензија, направи осврт на творештвото на Шипинкаровски.

Покрај насловната песна, посветена неговиот покоен татко, писателот, поет и есеист Петко Шипинкаровски, Димче Шипинкаровски, остава белег во македонската поетска ризница, уште и со песните “Испустено огниште”, и “Голем ангелу од Небрегово”, посветени на Блаже Конвски, потоа “Нож в грб”, посветена на Коле Чашуле, како и со бројните лирски записи, како во песната “Вака зајдвит сонцето во Струга”.

-Еден од новите современи македонски автори е и Димче Шишпинкаровски, поет од Струга, кој, преку својата поетска книга “Татковиот аманет”, презентира поезија создавана во 2020 и 2021 година. Во неговите свежи, доживеани и искрени песни, тој ја раздиплува целата своја интима, исполнета со немир, страст и пркос, пишува, меѓудругото, професор д-р Христо Петревски, во рецензијата насловена “Чинот и радоста на создавањето”.

Веле Митаноски

Сподели: