Вести Изјави Свет Ударни вести

Борисов: ЕУ ќе ја понижи Бугарија со зеленото светло за Северна Македонија

Сподели:

 

И овој пат отворените прашања помеѓу Софија и Скопје и бугарското вето се најдоа во фокусот на претендентите на изборите. Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов чија партија е убедлив фаворит во интервју за ТВ Нова оцени дека самиот е најдобро подготвен премиер за решавање кризи

ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Северна Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите и сето тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов.

Борисов за Нова ТВ се повикал на францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Северна Македонија треба да почне преговори, што, според него, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки. Сето тоа, според Борисов е поради претседателот на земјата, Радев, кој, како што вели ги поделил партите во земјата.

Сподели: