Поради Супер купот на УЕФА, закажан за вторник на фудбалскиот стадион „Арена Телеком“ во Градскиот парк во Скопје, од денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека од осум часот денеска до завршување на натпреварот, односно до 9 август, на потегот […]
Ударни вести
Талат Џафери го потпиша решението за распишување на локалните избори на 15. октомври
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, точно напладне го потпиша решението за распишување на локалните избори кои ќе се одржат на 15. октомври. Џафери апелираше до сите учесници пред и за време на изборите да се однесуваат во согласност со Уставот и со законските одредби, а институциите да обезбедат изборите да протечат во мирна, фер и […]
Јапонија одбележа 72 години од нуклеарниот напад врз Хирошима
Јапонија денеска одбележува 72. годишнина од нуклеарниот напад врз Хирошима. Зборувајќи на церемонија во Мировниот меморијален парк Хирошима, премиерот на Јапонија Шинѕо Абе рече дека Јапонија се залага за свет без нуклеарно оружје на начин на кој сите држави може да постигнат согласност за тоа. – За да имаме свет без нуклеарно оружје, потребно е […]
МИА доби нов директор
Новинарот Драган Антоновски ќе биде новиот директор на Македонската Информативна Агенција (МИА), пренесе Макфакс. Антоновски е назначен со одлука на Владата, а веќе денеска завршила и процедурата и во МИА каде се одржал Надзорен одбор кој пак го избира Управниот одбор каде претседател е новиот директор.
Владата прогласи кризна состојба во Македонски Брод и Чашка поради пожарите
Владата на Република Македонија прогласи кризна состојба на териториите на општините Македонски Брод и Чашка, каде веќе неколку дена има активни пожари, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој е и претседател на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи. Кризната состојба ќе трае триесет дена. Одлуката е донедена на вечерашната владина седница. […]
Една година од поплавите во скопско
Скопје денеска одбележува една година од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6. август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа минатиот 6. август во Скопје наврнале 92,9 литри […]
Талат Џафери денеска ќе ги распише локалните избори
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска напладне ќе ги распише локалните избори кои треба да се одржат на 15. октомври, соопштија од неговиот кабинет. Изборната кампања, според најавите, треба да започне на 25 септември. На изборите, ќе се бира градоначалник на Град Скопје, градоначалници на општините, како и членови на општинските совети.
Судот во Израел: Нетанјаху осомничен за поткуп и измама
Полицијата го сомничи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за поткуп, измама и кршење на довербата, известија локалните медиуми доцна синоќа како дел од тековната истрага во врска со корупција, пренесува Anadolu Agency (AA). За време на сослушувањето се откри дека обвинителите се во преговори со поранешениот висок помошник на Нетанјаху, пишува весникот „Хаарец“. Тие се обидувале […]
Апелација: Прислушуваните материјали можат да се користат како доказ во постапката за Општина Центар
Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство на решението на Основниот суд Скопје 1 за предметот поврзан со настаните во Општина Центар во јуни 2013 година и донесе одлука дека доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка. – Апелацискиот суд Скопје на 04.08.2017 година донесе […]
Европол им испрати разгледници на криминалците во бегство: Ни недостигате!
Европските полициски сили во рамки на новата летна кампања им испратиле „духовити“ разгледници на најбараните европски криминалци во бегство, со желба тие да се вратат што побргу. „Драг Артур, белгискиот помфрит е најдобар и знаеме дека ти недостига. Врати се да уживаш во него – имаме убаво изненадување за тебе“, стои во разгледницата на белгиската […]