Спорт

Червар е нов предводник на Кире Лазаров и дружината!

Сподели:

Тричлената комисија во состав Милчо Чакарески, Гино Стрезовски и Славе Атанасовски на денешниот состанок едногласно го избра хрватскиот стручњак за предлог до Управниот одбор тој официјално да биде новиот македонски селектор.

lino1

Кандидатури до РФМ, покрај Червар поднеле и Македонецот Владимир Глигоров, Швеѓанецот Роберт Хедин, Србинот Александар Брковиќ и Шпанецот Жорди Луељес.

Селекторското место во репрезентацијата остана празно по оставката на Ивица Обрван по неуспешните квалификации за Олимписките игри во Рио 2016.

The post Червар е нов предводник на Кире Лазаров и дружината! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: