Спорт

Ќе грми во Базел, се игра финалето во Лига Европа меѓу Ливерпул и Севиља!

Сподели:

Швајцарскиот град Базел и стадионот „Сент Јакоб Парк“ кој има капацитет од 37.500 гледачи вечерва ќе бидат домаќини на финалниот дуел помеѓу Ливерпул и Севиља во Лигата на Европа.

liverpool-vs-sevilla-2016-basel-uefa-europa-league-final

Победникот покрај тоа што ќе го освои трофејот во ова натпреварување, ќе избори директно место следната сезона во Лигата на шампионите, а двата тима тоа не успеаја да го направат преку националните првенства.

Севиља ќе се обиде да стане првиот тим што третпат по ред ќе го освои овој пехар откако претходно победи во 2014 и 2015 година, а досега има освоено четири европски трофеи во ова натпреварување, кое претходно се викаше Куп на УЕФА. Првите два ги освои во 2006 и 2007 година.

Ливерпул пак трипати има победено во Купот на УЕФА во 1973, 1976 и 2001 година, а во своето последно финале во Купот на УЕФА во 2001 година во Дортмунд ја победи шпанската екипа Алавес со 5:4.

liv-sev final

Двата тима на досегашните учества на финалните натпревари имаат постигнато само победи Ливерпул 3/3, а Севиља 4/4.

Клоп нема да може да смета на суспендираниот Мамаду Сахо, додека неизвесен е настапот на Дивок Ориги, а Емери на листата на повредени кај Севиља ги има: Беноа Тремулинас, Михаел Крон Дели и Хозе Антонио Реес.

Почетокот е во 20:45 часот, а судија на мечот е Јонас Ериксон од Шведска.

The post Ќе грми во Базел, се игра финалето во Лига Европа меѓу Ливерпул и Севиља! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: