Вести Став Ударни вести

Чешко МНР: Заклучокот е штетен за процесот на проширувањето на ЕУ

Сподели:

 

Од чешкото Министерство за надворешни работи за Дојче веле денеска појаснуваат дека остануваат на ставот оти бугарските барања кои беа вметнати во заклучоците се штетни за процесот на проширување на ЕУ, пишува Дојче веле.

Чешка е длабоко разочарана што не беше одобрена Преговарачката рамка за Северна Македонија со која требаше формално да започнат пристапните преговори со ЕУ. Од чешкото МНР за Дојче веле, сепак, објаснуваат дека немаат намера да дозволат да бидат усвоени заклучоците со делот за „погрешното толкување на историјата“ на кој инсистираше Бугарија, а претседавачот Германија ги предложи. Притоа, оттаму велат дека и други држави-членки на ЕУ изразиле загриженост поради заклучоците.
„Чешката Република отсекогаш била постојан поддржувач на политиката на проширување во последните 16 години. Тоа не се промени со оваа одлука. Сепак, по внимателно разгледување, не можевме да дадеме согласност за нацртот презентиран за одобрување“, велат во Прага. 

„Главната цел е да се усвои Преговарачката рамка што е можно поскоро. Сепак, сегашниот текст може да има спротивен ефект. Според наше гледиште, тој содржи термини за фалсификување на историјата што би можеле да бидат штетни за процесот на проширување“, велат од чешкото МНР.

Текстот на Дојче веле прочитајте го тука

Сподели: