Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Честитка на Џафери по повод државниот празник 23 Октомври

Сподели:

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

 

“Ви посакувам убав празничен ден, поминат во спомен на идејата на револуционерната борба а опкружени од вашите драги и блиски луѓе. Секој нов ден, носи нов предизвик, нови битки кои значат живот, кои го прават животот тоа што е, постојана борба за подобро утре за нас, за нашите млади поколенија и за нашата држава. Секоја генерација, со своето бреме. И современата историја не става во искушенија кои стојат пред нас на патот на исполнување на нашата зацртана цел и ова е убава прилика да се потсетиме на сите храбри и тешки одлуки кои беа донесени низ годините за градењето на државата и оддавањето почит на големите луѓе со визија и нивната несебична пожртвуваност.

Идејата за современа, стабилна, успешна и демократска држава која обезбедува добар, квалитетен живот и благосостојба по европски терк и стандарди за сите свои граѓани кои се активни учесници во позитивните промени во Република Северна Македонија е остварлива само ако бидеме сите сплотени кон таа заедничка цел. Само тогаш ќе ја надминеме секоја препрека и невозможното ќе биде возможно! 

Драги граѓани, нека е честит 23 Октомври!”

 

 

Сподели: