ИЗЛОЖБА НА КОЛАЖИ НА МАРГАРИТА ВАСИЛЕВСКА

Сподели

 


Пред повеќе од еден век, уметниците, вклучувајќи ги и
Пабло Пикасо и Хуан Грис, почнаа да сечат весници и парчиња постер за да ги користат во своите кубистички композиции. Оваа техника првично беше наречена papier collé (француски за залепена хартија), а потоа колаж. Тоа донесе препознатливи парчиња од секојдневниот живот во уметнички дела. Колажот е уметничка форма која е составена од парчиња материјал што се преклопуваат, како што се фотографии, ткаенини, обоена и текстурана хартија,  сликање и цртање и може да содржи тридимензионални елементи на различни површини.

 

 

 

Маргарита Василевска е родена во Скопје 1986 година. Таа е дипломиран вајар, насока – графички дизајн.
Денес, сабота, 23 Октомври ќе има своја изложба на колажи со почеток во 18 часот во Скопје во Varta Battery Store.
Нејзините колажи овозможувaат отворање на свесното, што е многу директно … тоа е и начин на гледање на она што го консумирате цело време.

 

 

Изложбата ја покажува иновативноста и експериментирањето на уметницата на врвот на нејзинато творење, нејзината прогресија на идеите за владеење на oваа техника. Таа е дел сликар, дел алхемичар што црта и постојано истражува со боја и размери. Гравитацијата и хемијата на различниот материјал создаваат слика која изгледа како да е замрзната во времето. Од мали колажи, таа продолжи да создава посложени, тридимензионални средини.

 

Неочекувани бои и текстури се појавуваат таму каде што се спојуваат различните супстанции, се создаваат форми и нишки, со додавање потранспарентни слоеви на бои во  пораките додадени на сликата, на колажот кој ги отсликува моите страсти, луѓето  кои влијаеле врз мене, мојата љубов кон филмот и моето гледиште на светот околу мене, мојот приказ на модерниот живот со мноштвото бои, информации и впечатоци“- вели Василевска.

 

На изложбата има неколку серии на дела.
Сликите од Маргарита може да се купат на самата изложба или на платформата Auroom.store   (https://auroom.store/product-category/art/handcraft-room/magi-room/)