Четврта Супер куп титула за Реал Мадрид

Сподели

Екипата на Реал Мадрид вчера во Скопје го освои Супер купот победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1 на градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје.

Реал го освои овој трофеј по четврти пат во својата историја, а Манчестер јунајтед остана на својот еден единствен трофеј, а во финалињата во Суперк упот го доживеа третиот пораз.  За играч на натпреварот е прогласен Иско.„Кралевите“ по четврти пат ќе го однесат трофеј во Супер куп во Мадрид.

Ѕвездата на Реал, Кристијано Роналдо влезе во игра дури во 83 минута и дополнително ја вжешти атмосферата на стадионот „Филип Втори“, но не успеа да постигне гол, ниту во 97 минута кога беше непрецизен при изведувањето на слободниот удар.

Супер куп спектаклот од Скопје се сели во Талин, Естонија, каде догодина во ова време „Ле Кок арена“ ќе биде мегдан за новата пресметка меѓу освојувачите на Лигата на шампиони и на Европа лигата.

 

 

https://youtu.be/G56MQVTAfYM