Чифте Амам: Изложба – “Иван Велков, 90 години од раѓањето”

Сподели

 

Во НУ Национална галерија – Чифте Амам, на 4.март, ќе биде отворена Јубилејната изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“.
 
На изложбата ќе бидат претставени 90 дела од сите творечки фази на Иван Велков, а истите се дел од колекциите на Националната галерија, Музејот на современата уметност, Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, НУЦК „Антон Панов“, Струмица, семејството Велкови како и на голем дел приватни сопственици на кои длабоко им благодариме за соработката.
 
 
 
 
Авторки на изложбата и текстот во каталогот се Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова, виши кустоси.
 
Изложбата ќе биде отворена до 30.3.2021 година.