#ЧИТАЈДОМА: Издавачки центар ТРИ нуди бесплатни е-книги цел месец

Сподели

 

Почитувани пријатели, автори, читатели,

Би сакале да ве известиме за нешто ново што ви го нудиме од ТРИ. Со цел да останете информирани и активни, ви ја претставуваме нашата мобилна платформа Kniga.mk.

Оваа наша платформа ја ставаме во функција предвреме, а на неа ќе имате пристап до бесплатни изданија од семејството автори на ТРИ.

Голем број преведени изданија, но и домашни книги ќе бидат достапни за сите што ќе ја симнат и користат апликацијата Kniga.mk oд App Store и Google Play. Со овој потег сакаме да ја нагласиме важноста на технологијата во вакви времиња и можноста што таа ја нуди да се остане во тек и да се чита.

На акцијата ѝ се приклучија нашите драги автори Винка Саздова, Коста Петров, Јагода Михајловска-Георгиева, Игор Џамбазов, Ана Јовковска… Нивните наслови ќе имаат бесплатна електронска верзија, исклучиво за вас.

Проектот е направен со поддршка од Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со CodeWell.

Апликациите може да ги преземете на следните линкови:
Google Play – http://bit.ly/33sa9vD
App Store – https://apple.co/2QktZ6T

Биди одговорен и кликни на Kniga.mk – #ЧитајДома