Cineplexx: Queen night – Bohemian Rhapsody

Сподели

Queen night – Bohemian Rhapsody, Cineplexx 01. ноември

Боемска Рапсодија е прослава на бендот , нивната музика и нивниот неверојатен пејач Фреди Меркјури, кој ги поби сите стереотипи и ја урна конвенционалноста за да стане еден од најсаканите перформери на планетата. Филмот го забележува вртоглавиот раст на популарност на бендот преку нивните препознатливи песни и револуционерен звук, нивниот речиси-колапс кога животот на Меркјури излегува од контрола и нивното триумфално обединување на Live Aid, каде Меркјури, соочувајќи се со неизлечлива болест, го предводи бендот кон најдобрата рок изведба на сите времиња. Сетоа ова, додека ја цементира позицијата на бендот како бенд кој е повеќе како семејство, и кој продолжува да ги инспирира „аутсајдерите“, сонувачите и вљубениците на музиката и до овој ден.