Д-р Калина Гривчева-Старделова: Имунизацијата е најсилното оружје во борбата со Ковид-19

Сподели

 

„Никој, а особено здравствените работници, не треба да се сомневаат дали треба да ја примат вакцината против ковид-19. Пандемијата со вирусот е потсетување дека заразните болести се сериозна закана која не познава граници. Имунизацијата е најсилното оружје во борбата со нив. Не постои друга поефикасна медицинска технологија која го заштитила и унапредила човековото здравје како што тоа го направиле вакцините. Вакцината е важна за одржување на здравјето на здравствените работници, здравјето на граѓаните, но и за одржливоста на здравствените системи и затоа немав никаков сомнеж дека треба да се вакцинирам“, вели д-р Калина Гривчева-Старделова, претседателката на Лекарската комора.